Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави

„Празна реторика и чиста глупост“ – изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко за обвинувањата од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Белорусија и помага на Русија да врши напади со беспилотни летала врз Украина и заканите дека Киев ќе преземе мерки против Минск ако за една недела не биде осттранета руската опрема.
Лукашенко нагласи дека Белорусија не планира да ја нападне Украина. – Тоа никогаш нема да се случи. Никогаш. Немаме војници таму и никогаш нема да ги имаме. Тој го знае тоа, а и украинската армија го знае тоа, рече белорускиот лидер, обвинувајќи ги „Европејците дека го го принудуваат Зеленски да дава такви изјави“.
-Разговараме со Американците. Ставот на Доналд Трамп е јасен. Што и да е, тој ја зазема вистинската позиција. Американците зборуваат, некои молчат, а Европејците нешто мрморат, рече Лукашенко.
За време на средба со новинарите на маргините на самитот на Евроазиската економска унија во Астана, тој ги коментираше тврдењата од Киев дека Украина идентификувала околу 500 потенцијални воени цели во Белорусија.
-Можеби идентификувале 500 цели. Но, ние имаме една многу сериозна цел со прецизни координати и не е далеку од Белорусија. И тие добро ја разбираат. Украинската армија не сака никаква војна со Белорусија. Тоа го знам сигурно. Тие разбираат дека ова би значело дополнителни 1.500 километри фронт. А границата меѓу Белорусија и Украина не е едноставна. Дали им е потребна? Не им е, возврати Лукашенко.
Тој предупреди дека секој воен напад врз Белорусија може да го промени текот на војната.
-Не дај Боже да се започне воен напад врз Белорусија од која било територија. Војната во Украина тогаш би добила сосема поинаков карактер. Нема да објаснувам, разбирате што мислам, нагласи Лукашенко.
Зборувајќи повторно за Зеленски, Лукашенко вели дека го разбира до одреден степен поради околностите во кои се наоѓа.
-Се обидувам да го разберам претседателот на Украина. Таму има војна, има огромен притисок. Не е лесно да се издржи. Можеби се случило нешто, можеби нешто пушел, можеби нешто инјектирал, а потоа дава такви изјави. Едноставно ми е жал за него. Затоа молчам. Не дај Боже некој да се најде во таква ситуација, заклучи Лукашенко.
МИА
Ново на Сител
-

Ги убивал за да ги задоволува половите страсти спрема мртви тела, детали од обвинението за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во постапката за проневера во ФФМ
-

АИ и кибер-одбраната во фокус на „Skopje Security Conference 2026“
-

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри
-

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците
-

Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места
-

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“
-

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села
