„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

Руската нафтена групација „Лукоил“ денеска соопшти дека има намера да ги продаде своите меѓународни активи, како резултат на „воведувањето рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници од страна на некои држави“.
Соопштението е објавено на веб-страницата на концернот.

Компанијата дополнува дека веќе е започнато разгледување на понудите од потенцијални купувачи.
Продажбата на имотот се спроведува во согласност со лиценцата за прекин на дејноста, издадена од Канцеларијата за контрола на странскиот имот (ОФАК) при Министерството за финансии на САД. Од „Лукоил“ планираат да поднесат барање за продолжување на лиценцата, доколку тоа е неопходно за да се обезбеди непрекината работа на нејзините меѓународни активи, се додава во соопштението.
САД минатата недела воведоа санкции против двете најголеми руски нафтени компании, „Роснефт“ и „Лукоил“, поради војната во Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
