-->
-->
МААЕ: Во израелските напади се погодени два ирански погони за производство на центрифуги
-->

Во израелските напади се погодени два ирански погони – објектот „ТЕСА Караџ“ и истражувачкиот центар во Техеран, кој произведуваа делови за центрифуги, машини што збогатуваат ураниум, соопшто денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„На локација во Техеран е погодена една зграда каде се произведуваа и тестираа напредни ротори на центрифуги. Две згради каде се произведуваа разни компоненти на центрифуги беа уништени во Караџ“, соопшти МААЕ во објава на социјалната мрежа Икс.
Во меѓувреме, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаело Гроси, изјави дека Иран нема намера да развива нуклеарно оружје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
-

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот
-

Лукашенко: Импресиониран сум од неодамнешните постапки на Трамп
-

Мареска: Палмер е добро и подготвен за игра
