Loading Video...
Свет
5. January 2026 - 16:27

Мадуро и неговата сопруга пред федералниот суд во Менхетен

САД  од денес ја почнува правната битка против соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флоренс. Двојката се соочува со обвиненија за трговија со дрога во САД  и други тешки кривични дела. Од притворениот центар во Бруклин до федералниот суд во Менхетен беа префлерени со хеликоптер.

Случајот е доделен на судијата Алвин Хелерштајн. Во мегувреме Вашингтотн испрати остри закани до привремената претседателската на Венецеуала за можно воени интервенции при одбивање на соработка.

Иако Родригез вчера ја отфли соработката со Вашингтон, сега сигнанизлира подготвеност за соработка и дијалог.

„Ја покануваме американската влада да соработува со нас на агенда насочена кон заеднички развој во рамките на меѓународното право, со цел зајакнување на трајна коегзистенција“.

Нашите народи и нашиот регион заслужуваат мир и дијалог, а не војна порача привремената претседателка на Венецуала преку соопштение.

Претходно Трамп ја отфрли идејата на венецуелската опозиција политичарката и добитничка на Нобелова награда за мир за 2025, Марија Корина Мачадо, да застане на чело на Венецуела, велејќи дека нема поддршка во земјата. Според Вашингтон пост, Трамп и е лут на Мачадо, поради нејзината одлука да ја прифати наградата.

Шефот на Белата куќа се надеваше дека тој ќе добие престижната награда. На Венецуела сега и е потребно единство да се обнови и да се осигури дека моќта никогаш нема да се користи против сопствениот народ порача лидерот на  опозицијата.

„На Венецуела ѝ е потребно единство за да се обнови, единство за да се излечи, да се открие себеси и да се осигури дека моќта никогаш повеќе нема да се користи против сопствениот народ. На Венецуела ѝ е потребна вистина, правда и помирување без неказнивост“, изјави Едмундо Гонзалес Уритија, лидер на венецуелската опозиција.

Сојузниците на Венецуела, Кина и Иран побара од САД итно да го ослободи Мадуро.

-Кина ги повикува Соединетите Американски Држави да ја обезбедат личната безбедност на претседателот Мадуро и неговата сопруга, веднаш да ги ослободат, да престанат со поткопување на венецуелската влада и да го решат проблемот преку дијалог и преговори, изјави Лин Џиан, портпарол на министесртвото за надворешни работи на Кина.

За американската интервенција во Венецуела и зароборувањето на Мадуро на итна седница дебатира Советот за безбедност на ОН. Седницата е на барања на Русија и Кина поради како што наведуваат кришење на меѓународното право од САД.

Доцна синоќа Американскиот претседател ги прошири заканите кон Колумбија и Куба, најавувајки дека Венецуала е само првиот чекот во преуредувањето на јужната хемисфера. Истовремено ги потврди претензиите на САД кон данскиот остров Гренладн. Данската премиерка Фредериксен преку социјалните мрежи побара САД да престанат со „заканите“ кон својот сојузник во НАТО.

Европските лидери и НАТО застанаа во одбрана на данскиот суверенитет, предупредувајки дека агресивната реторика на Вашингтон кон историските сојзуници ја загрозува стабилноста на трансатлантското партнерство.