Loading Video...
Кошарка
23. December 2021 - 13:08
Магдевски и Митрашиновиќ лауреати во изброт на кошаркарската федерација
Андреј Магдевски во машка и Анџелика Митрашиновиќ во женска конкуренција ги понесоа прзнанијата во изборот за најдобри во мак-баскетот.
Плејмејкерот на романски Плоешти, Андреј Магдевски е најдобриот кошаркар за 2021 година во изборот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).
Магдевски кој со својот настап го понесе признението МВП на завршницата на минатогодишната сезона, а со тоа беше инајзаслужниот за освојувањето на шампионската титула на МЗТ Скопје Аеродром, заеднсо со својот тим е дел од лауреатите на изборот што се одржа вчеравечер, на кој за најдобра кошаркарка е избрана капитенот на нашата селекција Анџелика Митрашиновиќ
На церемонијата посебни награди добија членовите на „Литванската генерација“ кои пред десет години ја одведоа Македонија до историскиот пласман односно 4.место на ЕП во Литванија.
Во останатите категории признанијата ги добија:
- Најдобар млад кошаркар: Теодор Симиќ
- Најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска
- Најдобра женска екипа (сениорки): Баскет КАМ
- Најдобра машка екипа (младински лиги): Работнички
- Најдобра женска екипа (младински лиги): Бадел 1862
- Најдобар тренер на машка екипа (сениори): Горан Самарџиев
- Најдобар тренер на женска екипа (сениорки): Александар Ашданов
- Најдобар тренер на машка екипа (младински лиги): Андреј Апостолски-Лечиќ
- Најдобар тренер на женска екипа (младински лиги): Анета Глигорова- Најдобар играч во 3 на 3: Ервин Цого
- Најдобра екипа во 3 на 3: Кино Влае
- Најдобар кошаркарски судија: Игор Митровски
- Најдобар македонски репрезент во странство: Емил Рајковиќ
- Најдобра младинска репрезентативна селекција: Женска репрезентација У-16
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->