Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Европската Унија не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан, кои со години преговараат за членство, со воведување поинаков вид процес на проширување за Украина, бидејќи тоа нема да биде ниту чесно ниту прагматично. Ова пред состанокот на Европскиот совет во Брисел го изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар, предупредувајќи дека забрзувањето на преговарачките кластери за Киев би испратило многу негативна порака до регионот.
Маѓар истакна дека ставовите во Унијата се поделени околу прашањето за пристапувањето на Украина и нагласи дека Будимпешта цврсто заговара процес што ќе биде заснован исклучиво на индивидуални заслуги, пренесува унгарскиот медиум „Телекс“ (Telex.hu).
Унгарскиот премиер го поздрави постигнатиот договор со Киев во однос на правата на унгарското малцинство во Закарпатија, што всушност го овозможи отворањето на првиот преговарачки кластер за Украина. Тој додаде дека дел од земјите членки сакаат веднаш да се отворат сите поглавја, додека други се за поумерен пристап со отворање на само два кластери, појаснувајќи дека новата унгарска влада припаѓа на групата што претпочита побавно темпо.
На крајот, Маѓар потенцираше дека за конечните одлуки ќе биде потребно единство меѓу сите 27 држави. Иако призна дека изнаоѓањето компромис е тешка задача, тој потсети на низа случаи од минатото кога таквиот заеднички јазик сепак бил успешно постигнат.
МИА
Ново на Сител
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
