Македонија
2. March 2026 - 15:27

Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда во скопски Карпош

Инцидентот се случи пред малку кај зградата „Алумина“ во скопски Карпош, а жители на населбата сведочат за засилено присуство на полицијата на местото.

Според извори на А1он, мајка и нејзиното дете се фрлиле од зградата.

На местото веднаш беа испратени екипи на Брза помош.

Од МВР потврдија дека околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека мајка со дете скокнале од балкон во зграда во Карпош.

Засега идентитетот на жртвите не е познат, а увидни екипи на полицијата и обвинителството се на терен за истрага на настанот.