Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027

Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.
Муцунски нагласува дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство.
Во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед презентиран пред Советот за човекови права во Женева, земјава е високо на листата држави кои ги почитуваат и гарантираат човековите права и оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова меѓународно тело.
Република Северна Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права на ОН, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016.
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
