Македонија меѓу најдобрите земји во светот по намалување на неонаталната смртност и смрт кај деца под пет години

Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот според намалувањето на неонаталната смртност и смртноста кај децата под пет години - се наведува во објавениот глобален извештај за 2025 година на Меѓуагенциската група на ОН за процена на смртноста кај децата.
На презентацијата на податоците од извештајот, денеска, на прес-конференција, министерот за здравство Азир Алиу рече дека, според извештајот, стапката на смртност кај новороденчиња за неполна деценија е намалена за 87 проценти од 8,1 на 1,1 смртен случај на 1.000 живородени деца, а стапката на смртност кај деца на возраст под пет години е намалена за 75 проценти од 11,1 на 2,8 на 1.000 живородени деца.
-Нашата држава е прикажана како успешен пример за намалување на неонаталната и смртноста на децата на возраст под пет години на глобално ниво како резултат на заедничките активности и координација на Комитетот за безбедно мајчинство при Министерството за здравство и партнерите УНИЦЕФ, СЗО и УНФПА - истакна Алиу.
Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска-Папестиев, рече дека податоците покажуваат дека кога системски се работи, може да се достигнат меѓународните стандарди во намалувањето на неонаталната смртност и смртноста кај децата на возраст под пет години.
МИА
Ново на Сител
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
