Спорт плус
30. August 2026 - 10:08

Македонија напаѓа четири злата: Велков, Смилевски, Велески и Бабоски денес во финале

Голем успех за македонскиот кикбокс на ВАКО Светскиот куп во Будимпешта. Четворица македонски репрезентативци вчера ги добија своите полуфинални борби и денеска ќе се борат за златните медали.

Пепи Велков во полуфиналето го совлада Павло Хавришчук од Украина и обезбеди место во големото финале.

До финалето стигна и Андреј Смилевски, кој со убедливи 3:0 го совлада Ник Рекар од Словенија. 

Одличниот настап на македонските борци го продолжија и Радослав Велески, кој славеше против Јакуб Кулеј од Полска, како и Калин Бабоски, кој во полуфиналето беше подобар од Роман Смерека од Украина.

Така, Македонија денеска ќе има дури четворица претставници во финалните борби – Велков, Смилевски, Велески и Бабоски, кои ќе се обидат од Будимпешта да се вратат со четири златни медали.

Светскиот куп во Будимпешта завршува денеска, 30 август, со финалните пресметки.