Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија

Во Европската Унија лани 47,3 проценти од вкупно произведената електричната енергија е од обновливи извори на енергија (ОИЕ), а Македонија се доближува до овој просек, дури можеби и го надминува.
Според Министерството за енегетика, рударство и минерални суровини, се уште нема збирен официјален податок за произведената електрична енергија кај нас од ОИЕ во 2025 година, но проценката е дека има зголемување од 12 до 15 отсто во споредба со 2024 година кога 41,03 отсто од вкупно произведената струја беше од ОИЕ.
Најголем дел од обновливата енергија во 2024 година во земјава е произведена во фотоволтаичните централи по што следуваат хидроцентралите, малите хидроцентрали и ветерните електрани. Од вкупно произведената струја 38,43 отсто е произведена во термоцентралите на АД ЕСМ по што следи ТЕ-ТО со 20,54 проценти, фотоволтаичните централи со 18,08, хидроцентралите со 13,91, малите хдроцентрали со 5,02 и ветерните електрани со 3,16 проценти.
Според податоците на Еуростат, лани во ЕУ 47,3 проценти од електричната енергија е произведена од обновливи извори на енергија што е за 0,1 отсто повеќе отколку во 2024 година. Примарен извор на обновлива енергија во ЕУ е ветерот со учество од 37,5 проценти, на второ место е сончевата енергија со 27,5, по што следуваат хидроенергијата со 25,9, биомасата со 8,5 и геотермалните и други извори на енергија со 0,5 отсто. Сончевата енергија е најбрзорастечки извор со зголемување од 24,6 отсто во 2025 година, додека производството на електрична енергија од хидроенергија се намали за 11,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија во 2024 година во изнесува 39,4 отсто, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35,4 проценти. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 киловат часови по жител на годишно ниво.
МИА
Ново на Сител
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
