Ракомет
11. January 2016 - 19:33

Македонија во двата натпревара поуспешна од Црна Гора

Ракометната репрезентација на Македонија постигна две победи над Црна Гора во контролните дуели одиграни синоќа и денеска претпладне. Македонија пред преполните трибини во Кале ја победи Црна Гора со 35:28, а денешниот дуел заврши со триумф од 29:26. Овој дуел се одигра зад затворени врати со цел селекторите на двете селекции да испробаат комбинации кои ги подготвуваат за Европското првенство.

На двата дуела најефикасен кај Македонија беше Дејан Манасков вчера постигна 13 , а денеска 9 голови. Сега останува селекторот Обрван, кој досега работеше со 21 ракометар, да го соопшти списокот на играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Полска.

Македонија игра во краков каде ривали ни се Франција, Полска и Србија. Во интервју за сител обрван истакна.

Интервјуто во целост ќе можете да го проследите на програмата на Сител 3 во рамките на емисијата Спортско студио наменета за престојниот настап на Македонија на Европското во Полска.