Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
Училишното ѕвонче на први септември означи почеток на новата учебна година и повторно ги врати учениците во училишните клупи. 17.232 првачиња за првпат седнаа во училишните клупи и се запознаа со наставниците. На стартот на новата учебна година во училиштата ширум Македонија се запишани 245 илјади ученици, од нив 177.800 основци и 67.200 средношколци. Ова е уште една учебна година во која продолжува трендот на намалување на бројот на првачиња и вкупниот број ученици. За 1.327 е помал бројот на запишани првачиња односно толку столчиња останаа празни во споредба со минатата година. За повеќе од 1.000 е помал и бројот на средношколци и основци кои го продолжија своето школување во Македонија, односно 2.700 помалку ученици имаме оваа од минатата учебна година.
Пред 10 години вкупниот број основци во Македонија изнесувал 192.165 илјади а оваа година истиот е 177.800 или поточно 14.365 помалку. Пред 10 години во средните училишта имало вкупно 83.522 ученици оваа година има само 67.200 или 16.322 помалку средношколци. Кога ќе се собере за колку вкупно средношколци и основци се намалиле учениците доаѓаме до фрапантни бројки од 30.687 што ја става Македонија во земјите каде владее белата чума.
Во последните 10 години повеќе од 15 училишта добија клуч на врата, а во повеќе општини се направија измени за тоа колку треба да биде минимумот запишани ученици за формирање паралелка. Ако гледаме во вкупни бројки општините Гази Баба, Тетово, Центар, Струга, Куманово и Гостивар изгубиле повеќе помеѓу 1 000 и 2 000 ученици за 10 години. Во релативни бројки најголемо намалување на основците има во Општина Ново Село каде само за 10 години бројот на основци се намалил за 60%.
Дека ваквиот тренд ќе продолжи зборува и податокот дека во последната деценија во Македонија за повеќе од 7.000 е намален бројот на живородени деца, а постојан е и трендот на иселување во текот на школувањето, па речиси сигурно дека бројките ќе бидат помали на 10 ти Јуни кога треба да заврши учебната година.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници