Македонија
5. April 2026 - 16:48

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА

Мисијата Artemis 2 на НАСА веќе неколку дена е во фокусот на вниманието светската јавност.

Леталото кое тртеба да направи круг околу Месечината со цел да се обезбеди успешна мисија во иднина, во моментов се наоѓа најдалеку од планетата Земја.

Четворицата астронаути кои се во него ја добиваат целосната поддршка од центарот на НАСА во Хјустон, Тексас, а таму се наоѓа и единствената македонка Мартина Димоска.