Македонска делегација на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска, во Севиља учествуваат на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), што се одржува под покровителство на ООН.
Предвидено е Сиљановска Давкова да има обраќање на пленарната сесија на конференцијата, како средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез. Претседатеклката синоќа присуствуваше на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите, го приредија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.
Министерката Димитриеска Кочоска, пак, ќе с еобрати на Тркалезна маса „Leveraging private business and finance“ на која ќе зборува за искористувањето на потенцијалот на приватниот сектор и финансиите за остварување на Целите за одржлив развој.
Целта на лидерскиот собир во Севиља е изнаоѓање решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор, стои во соопштението.
На конференцијата, на која учествуваат на педесетина шефови на држави и влади, претставници на меѓународните организации, на бизнис заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен заеднички документ „Договорот од Севиља“.
Ново на Сител
-
Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса
-
Приведен возач од Злетово, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-
Без активно жариште пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен
-
Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски
-
Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните
-
Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори вредни околу 27 милијарди долари
-
Рекордна потрошувачка на вода во Скопје – „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење
-
Блокади во голем број градови во Србија, полицијата се обиде да влезе на Правниот факултет