Македонија
1. December 2017 - 16:28

Македонската и српската полиција заедно со ДЕА открија најголема лабораторија за дрога

Во куќа во Тетово, српскиот крал на синтетичката дрога Милан Зарубица ги подготвувал нарачките за балканскиот пазар. Технички добро опремената лабораторија е најголемата откриена досега, барем во Македонија. Во неа според тврдењата на српските истражни органи се создавала и дрогата позната под името ,,каптагон‘‘, која како што тврди министерот за внатрешни на Србија ја користеле борците на Исламска држава.

Спасовски и Стефановиќ денеска на прес конференциите одржани во Скопје и Белград потврдија дека работеле заедно, но по информациите споделени со јавноста делува како да работела на различни случаи.Групата која работеле во лабораторијата во Тетово, но и на снабдувањето на црниот пазар била следена повеќе од една година. Во истрагата била вклучена и турската полиција, а за случајот тврди македонскиот министер биле ангажирани и оперативци на американската ДЕА.

Доктор Милан Зарубица, кој бил сопственик на неколку фармацевтски компании во Србија, за прв пат бил уапсен во 2003 година кога била пронајдена и најголемата лабораторија и два милиони таблети екстази. 2011 кога добил можност за слободен викенд Зарубица не се вратѕил во затвор и продолжил со бизнисот па полицијата ги понашла новите локации на делување тогаш во близина на Македонската граница на југот од Србија. Синоќа кралот на синтетичката дрога по трет пат падна во рацете овој пат на македонската полиција.