Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство 2024 во Атина, Грција.
Репрезентацијата ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерациката на Македонија Дејан Митровски -Урко.
Во составот на сениорската репрезентација се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски.
На ова сениорско првенство кое трае од 01-10.11.2024 година во Атина ќе учествиваат 982 натпреварувачи во 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава од Европа.
Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание 2024 на Европската кикбокс федерација на кое ќе присуствува и претседателот Митровски.
Во склоп на првенството од страна на ВАКО Европа ќе има организирано и “Атлетски корнер” на кој ќе има секојдневна едукација за спортистите, физиотерапевтски дел со врвни терапевти за релаксација и помош на спортистите и презентација на “ВАКО женскиот комитет” чија членка од нашата држава е Ирена Митровска, која заедно со уште 6 жени членки од цела Европа пред спортистите ќе ја претстават својата работа.
- Репрезентацијата е подготвена во целост, очекувам успешни и добри мечеви од сите наши натпреварувачи и секако се надевам дека ќе се вратиме со медали. Ќе го чекаме официјалниот ждреб за да ги дознаеме противниците. Како и секогаш, конкуренцијата е голема, но нашата репрезентација иако е мала, составена е од врвни, искусни и докажани борци. Посакувам успех за сите и очекувам трофејни борби без повреди” - ни изјави претседателот Митровски.
Ново на Сител
-
Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонските производи
-
Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
-
УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
-
Димитриевски: На средината од август ќе бидат познати деталите од коалициските преговори со ВМРО-ДПМНЕ
-
Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник
-
Пет лица од Тетово се тепале на Меѓународниот аеродром Скопје
-
Во сообраќајка тешко повреден 14-годишен мотоциклист
-
ОЈО: Обвинение против шест лица за фалсификување пари