Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана

Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Северна Македонија е уапсен во Тирана од страна на државната полиција, во рамки на 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативец“.
- Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Северна Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово - соопшти албанската полиција.
Според полицијата, по неколкумесечни истраги и потраги од страна на Дирекцијата на Специјалната оперативна единица, осомничениот бил лоциран во реонот на Суво Езеро во Тирана, каде што бил уапсен со цел екстрадиција.
Проверките покажале дека по Шерифи била распишана меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако Судот во Скопје во 2007 година му изрекол мерка притвор за кривичното дело „Убиство“, кое според македонското кривично законодавство се казнува со доживотен затвор.
Според надлежните органи, Шерифи се сомничи дека на 5 октомври 2007 година, во селото Копаница во Скопје, со огнено оружје убил три лица.
- При физичкиот претрес и во станот, кај лицето се пронајдени и одземени еден косовски пасош, косовска лична карта и возачка дозвола, сите фалсификувани, со податоци за државјанин од Косово - се наведува во полициското соопштение.
Се додава дека процедуралните материјали за кривичното дело „Фалсификување исправа“ се упатени до Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Тирана, за понатамошно постапување.
Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ќе ги продолжи процедурите за екстрадиција на Шерифи во РС Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
