Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти
Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе македонски државјанин под сомнеж дека со камионот што го управувал превезувал повеќе од стотина илегални мигранти по потекло од Авганистан.
Како што јави БТА, портпаролката на Регионалната управа на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева информира дека возачот на камионот е идентификуван како 60-годишен македонски државјанин.
Тој заедно со мигрантите бил приведен утрово во Бургас околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време).
Според Рандева, мигрантите, сите мажи, биле натоварени во камионот во реонот на Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас.
По пристигнувањето во Бургас камионот бил запрен од полициски службеници, кои ги откриле мигрантите во возилото.
Во врска со случајот бугарската полиција повела предистражна постапка.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот