Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти
Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе македонски државјанин под сомнеж дека со камионот што го управувал превезувал повеќе од стотина илегални мигранти по потекло од Авганистан.
Како што јави БТА, портпаролката на Регионалната управа на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева информира дека возачот на камионот е идентификуван како 60-годишен македонски државјанин.
Тој заедно со мигрантите бил приведен утрово во Бургас околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време).
Според Рандева, мигрантите, сите мажи, биле натоварени во камионот во реонот на Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас.
По пристигнувањето во Бургас камионот бил запрен од полициски службеници, кои ги откриле мигрантите во возилото.
Во врска со случајот бугарската полиција повела предистражна постапка.
Ново на Сител
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница
-
Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“
-
Приведени две лица, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-
Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Милевски: Главна цел ни беше да останеме на првото место