Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ

Македонскиот фудбалски првак Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. На домашен терен „црвено-црните“ се домаќини на финскиот КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Во пресрет на дуелот, капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, истакна дека тимот е подготвен за предизвикот и дека враќањето во најелитното европско клупско натпреварување претставува дополнителна мотивација за сите во клубот.
- „Максимално сме подготвени за дуелот. За Вардар е посебен мотив што по девет години повторно ќе настапува во Лигата на шампионите. Ќе одиме чекор по чекор. Најважно е да одиграме квалитетен прв натпревар, а потоа ќе се насочиме кон реваншот“, изјави Омерагиќ.
Новиот тренер на Вардар Кристијан Фабијани потенцираше во најавата на дуелот дека треба да се одигра квалитетно на двата натпревара односно фудбалерите да бидат на ниво 180 минути.
Натпреварот меѓу Вардар и Купс се игра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 19 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
