Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН

Продажбата на влезниците за воведниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во Б – дивизијата во УЕФА Лигата на нации (ЛН) против Швајцарија во Скопје ќе почне в четврток, соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Натпреварот е закажан за 26 септември со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.
Цената на влезниците изнесува од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и местото на трибините. ВИП билет чини 3.000 денари.
ФФМ наскоро ќе ги објави и официјалните информации за продажбата на билети за натпреварот против Шкотска, што ќе се игра во Скопје на 3. октомври.
Во меѓувреме, во рамки на септемврискиот циклус од Б групата на УЕФА Лигата на нации, македонската репрезентација ќе и гостува Словенија на 29. септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, а влезниците за натпреварот ќе бидат пуштени во продажба на 14. септември.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
