Македонските кајакари задоволни од настапот на Светското првенство во Шпанија
Македонските репрезентативци Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов доцна синоќа се вратија во Велес по успешниот настап на Светското кајакарско првенство во Саберо, Шпанија кое од 14 до 17 август се одржа на реката Рио Есла.
Најголем успех од четворицата репрезентативци кои се членови на велешкиот клуб „Арка Борец“, третото место и бронзен медал во дисциплината К-1 во категоријата Мастерс А, имаше Љубомир Спасиќ.
Инаку, Мастерс се натпревари за ветерани и се делат на 35+години па друга група 45+ и така натаму.
Додека истиот ден во четврток, нашите сениори во тимскиот настап во 3хК1 во состав Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Александар Златаров завршија на 13. место. Во саботата се одржаа тимските натпревари во спринт 3хК1 на кои Македонскиот тим во сениорска конкуренција настапи во состав Кристијан Лазаров, Александар Златаров и Љубомир Спасиќ кои успеаја да се пласираат на 9. место од вкупно 19 тимови.
Во изјавата за МИА, Љубомир Спасиќ, оцени дека македонскиот тим може да се пофали дека имале успешен настап во сениорска категорија односно во Мастерс каде тој го освои бронзениот медал.
За Благој Гугинов искуството стекнато на Светското првенство е драгоцено.
- Убаво беше што искусив уште една нова стаза во Шпанија Саберо. Јас учествував на класичните натпревари поединечно и тимски.
Во индивидуалните настапи во сениорска конкуренција Александар Златаров беше најдобро пласиран кајакар од Македонија кој заврши на 25. место.
Ново на Сител
-
Лажетиќ: Нашата сообраќајна некултура, едноставно ќе мора да се регулира, оној што не сака да се придржува на основни правила во сообраќајот и не треба да биде воопшто учесник
-
Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет
-
Путин: Русија постигнува успеси во сите области, политичката стабилност во моментов е најважна
-
Дисциплинска за 11 полицајци во Велес, не постапиле согласно законите на пријавите на убиената Росица
-
Среќата ја одбра Битола - нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија!
-
Тетовец на Мерцедес си вградил флешери и ги обoил со црвена боја регистарските таблички
-
По само една недела вандали ја распарале вреќата за бокс и ги уништиле реквизите на теретаната во Паркот на Франкофонијата
-
Приведен 39-годишен германец на ГП Табановце, кај него е најдена дрога