Македонските каратистки балкански првенки во кати

Македонската карате репрезентација со по еден златен и сребрен медал го заврши денеска настапот на 27. Балканско првенство кое овој викенд се одржа во црногорскиот град Будва.
Денеска, на вториот ден на Балканијадата, македонскиот сениорски тим во женска конкуренција во состав Владанка Аврамова, Данка Стојкова и Тамара Ристовска го освои златниот медал, додека женскиот сениорски тим во состав Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Магдалена Божиноска и Викторија Јовановска освои сребро во борби.
На првиот натпреварувачки ден во саботата, македонските каратисти освоија вкупно 11 медали во машка и женска конкуренција.
Титулата балкански шампион ја освои Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро, а со бронзен медал се закитија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска.
Љупче Михајлов, во категоријата до 75 килограми, и Стефан Стојановиќ (+84 килограми) освоија сребрен медал, додека Емил Павлов (-67 килограми), Реџеп Рушити (-75килограми) и Данка Стојкова во категоријата кати се закитија со бронза.
На сениорското Балканско првенство во Будва учествуваа 350 каратисти од 12 држави.
Ново на Сител
-

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија
-

Американската војска соопшти дека погодила повеќе од 5.000 ирански цели од почетокот на конфликтот
-

ДКСК ќе ја одржи 29. седница
-

Цената на суровата нафта во САД се спушти до 81 долар за WTI и 84 долари по барел за Brent
-

Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
