Македонските кик-боксери ги дознаа противниците на Светското првенство во Италија
Познати се ждрепките и редоследот на борбите за првиот ден од квалификациите на Светското првенство во кик-бокс што се одржува во Лидо ди Језоло, Италија.
Во македонскиот табор веќе се анализираат противниците, а стручниот штаб заедно со натпреварувачите ја подготвува тактиката за секоја борба поединечно.
„Очекувам добри борби и победи, а пред сè посакувам нашите натпреварувачи да останат без повреди“, порача претседателот на федерацијата Дејан Митровски – Урко.
Првиот натпреварувачки ден настап ќе имаат шест македонски претставници.
Во татами дисциплините, Драган Пандев во категоријата до 63 килограми во Kick Light ќе се бори против Аидан Лок од Велика Британија. Димитар Јачев во категоријата до 69 килограми ќе се соочи со Аидан Џон Брумер од Јужна Африка, додека Марко Баснарков до 74 килограми за противник ќе го има Кристијан Арборе од Италија.
Во ринг дисциплините, Милан Нешевски во Low Kick до 71 килограм ќе се бори против Мартим Серето од Португалија. Давид Атанасовски до 63,5 килограми ќе се соочи со Танасис Героглус од Грција, додека Глигор Николов до 67 килограми ќе има борба со Мухамадиброхим Рафикжонов од Киргистан.
Останатите македонски репрезентативци се слободни во првиот ден или веќе ги знаат своите следни противници.
Андреј Смилевски го очекува победникот од дуелот меѓу Рајан Тведл од Велика Британија и Александрос Мутидис од Грција, додека Калин Бабоски ќе се соочи со победникот од борбата меѓу Султонмурод Раимкулов од Узбекистан и Калис Лефевр од Франција.
Иван Кукуновски ќе се бори против Аиридас Навицкас од Литванија, Андријано Димишковски против Матвиј Кујавец од Украина, Петар Илковски против Абас Хамоди од Израел, Сергеј Ушлиновски против Диван Бресер од Јужна Африка, Марија Димовска против Хана Тур од Полска, Драгица Глигорова против Адриана Алзбета од Словачка, а Томи Андонов против Ринат Уралбај од Казахстан.
Петар Лозановски, Туркер Исмаил и Антонија Тасева ги очекуваат победниците од претходните дуели во нивните категории.
На свеченото отворање на Светското првенство присуствуваше и Фросина Ременска од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција. Таа ги поздрави земјите учеснички, натпреварувачите и официјалните претставници, а на македонските репрезентативци им посака успешни настапи и освојување што повеќе медали.
Во рамки на шампионатот се одржа и годишното собрание на Светската кик-бокс федерација WAKO, на кое Македонија ја претставуваа претседателот Дејан Митровски – Урко и генералниот секретар Драган Атанасовски.

Ново на Сител
-

Променливо облачно време во наредните денови, од понеделник локален дожд
-

За девет месеци во 2026 година регистрирани над 1.300 кривични дела поврзани со семејно насилство
-

Истрага против четири лица, а за тројца побаран притвор после големата акција во Куманово: „Падна“ лихварска група
-

ДЗС: Безбедно отстранети две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна во прилепско
-

Сите банки во Македонија најавуваат технички прилагодувања викендов, можни се прекини во плаќањата
-

Милнер се подготвувал за дебитантскиот маратон со помош на вештачка интелигенција
-

ПМФЛ: Португалецот Рибеиро го напушти Башкими
-

Ќе ги гледаме ли соништата како филм? Јапонски научници со помош на ВИ успеале да откријат што сонуваме
