Спорт плус
15. December 2025 - 12:42

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни

Балканското првенство „Балкан Бест Фајтер“ заврши со 110 медaли за македонските кикбоксери од кои 39 златни, 33 сребрени и 38 бронзени медали.

Во вкупниот пласман Македонија по успех е прворангирана земја додека втора е Србија а трета Бугарија.

На ова балканско куп првенство учество земаа: Македонија, Србија, Бугарија, БиХ и Црна Гора.

Од сите клубови учесници на ова првенство Кик Бокс клубот Шампион Урко Тим е првопласиран клуб и се закити со пехар како најдобар во ринг дисциплините, а на татами дисциплините како најдобар клуб е избран Кик Бокс клубот Про Кик Фемили.

Максим Митровски од Кбк Шампион - Урко; тим се закити со пехар за најдобар сениор на ринг во Lou Kick дисциплината.

Лука Кипровски од Кбк Шампион - Урко тим; го освои пехарот за најдобар сениор во К1 дисциплината.

Милан Нешевски од Кбк Шампион - Урко тим; се закити со пехар за најдобар јуниор на ринг во Lou Kick дисциплината.

Иван Кукуновски од Кбк Шампион - Урко тим;  го освои пехарот за најдобар јуниор на татами дисциплините.

Марко Башнарков од Кбк Про кик фемили; го освои пехарот за најдобар јуниор во light contact.

Нашата интернационална судијка Елена Неделковска е прогласена за најдобар судија на првенството, таа е високо рангиран судија во WAKO судискиот состав и има добиено повеќе признанија како најдобар судија на WAKO европските и светските првенства.

Претседателот на Балканскста кик бокс федерација а воедно и претседател на нашата Кикбокс Маитаи федерација доби плакета за допринос во организацијста за одржување на ова Балканско првенство.

- Ова е уште едно меѓународно првенство со завидувачки успех на нашите кикбоксери и потврда дека сме најуспешна и најтрофејна федерација во нашата земја, и сме национален спорт број 1. Со ова првенство ја затвараме овогодишната меѓународна натпреварувачка сезона. Да напоменам дека ова е 13-то меѓународно последно првенство во оваа година. И покрај тоа што сме година ипол без никаква финансиска и логистичка помош од нашето Министерството за спорт кое треба да гради слога, ферплеј, да помага во промовирање на нашата земја во светот на спортот, да стимулира и да наградува според заслуги и успех а не од лича желба, и притоа  да се прави разор во и помеѓу федерациите. Ја завршуваме оваа година задоволни и горди на нашите успеси. Сакам да признаам дека јас како претседател и водач на Кикбокс Маитаи федерацијста сум горд што во нашата федерација има слога, единство, взаемно помагање помеѓу тренерите, и помеѓу спортистите од сите клубови. Ние покрај тоа што што негуваме спорт и носиме медали за нашата земја ние шириме другарство, слога, позитивна енергија. Ги тргаме од улиците младите луѓе усмерувајки ги и адаптирајки ги на спорт, дисциплина, одговорност, хуманост, здрав социјален живот, стабилност и сме пример како тоа се постигнува. Ете затоа сме најдобри , најуспешни и национслен спорт број 1, изјави Дејан Митровски Урко.