Македонските КикБоксери со 66 медали и шест признанија за најуспешни натпреварувачи на ВАКО КикБокс Балканското првенство

Македонската кикбокс репрезентација оствари извонреден настап на ВАКО Балканското првенство кое се одржа од 29 до 31 мај во Нови Сад, Србија, освојувајќи вкупно 66 медали – 13 златни, 25 сребрени и 28 бронзени одличја.
Македонија на шампионатот настапи со делегација од 108 лица, составена од 75 натпреварувачи, 27 тренери, 4 судии и 2 официјални лица, претставувајќи една од најбројните национални селекции на првенството.
Во силна конкуренција на најдобрите балкански кикбоксери, македонските репрезентативци покажаа висок квалитет, дисциплина и борбен дух, што резултираше со голем број освоени медали и пласмани на победничкиот пиедестал.
Покрај освоените медали, дополнително признание за квалитетот на македонските натпреварувачи претставуваат и шестте пехари за најуспешни натпреварувачи во своите категории, кои им беа доделени на:
• Томи Андонов – најдобар помлад јуниор на ринг во дисциплината К1;
• Калин Бабовски – најдобар постар јуниор на ринг во дисциплината Лоу Кик;
• Андреј Смилевски – најдобар постар јуниор на ринг во дисциплината К1;
• Леа Бошевска – најдобра сениорка на татами во дисциплината Кик Лајт;
• Исмаил Туркер – најдобар јуниор на татами во дисциплината Кик Лајт;
• Ринор Јахии – најдобар постар кадет на татами во дисциплината Кик Лајт.
Овие признанија се доделуваат само на најистакнатите натпреварувачи кои со своите резултати и настапи оставиле најсилен впечаток во рамките на своите категории и дисциплини.
Дополнителна чест за македонскиот кикбокс претставува и фактот што претседателот на ВАКО Балканската федерација и претседател на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, беше одликуван со Благодарница за вредната поддршка, учество и придонес во успешната организација на ВАКО Балканското првенство.
Воедно, тимот на македонската репрезентација доби и посебно Признание за вреден придонес и учество во тимските активности, посветеност, тимски дух и заложба кон постигнување на заедничките цели, што претставува уште една потврда за професионалноста, единството и угледот што македонскиот кикбокс го ужива на балканско ниво.
Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, по завршувањето на првенството изрази задоволство од постигнатите резултати, упатувајќи честитки до сите натпреварувачи, тренери, судии и клубови кои дадоа свој придонес во овој голем успех.
„Освоените 66 медали, шестте индивидуални признанија за најдобри натпреварувачи и признанијата што ги добија нашата федерација и репрезентација се доказ дека македонскиот кикбокс континуирано напредува и се наоѓа на вистинскиот пат. Горди сме на сите наши спортисти кои достоинствено ја претставија Македонија и покажаа дека припаѓаат во самиот врв на балканскиот кикбокс“, истакна Митровски.
Со овој резултат, македонската репрезентација уште еднаш потврди дека претставува еден од најзначајните спортски амбасадори на државата, сериозен фактор на балканската кикбокс сцена и национален спорт број 1 во нашата земја.
Со своето присуство натпреварот го поддржа и посети и Милош Цвјетичанин, еден од најпознатите и најуспешни кикбоксери од балканскиот регион. Како светски шампион и меѓународно призната кикбокс ѕвезда, неговото присуство претставуваше дополнителна поддршка за настанот и силна мотивација за сите учесници, особено за младите натпреварувачи.










Ново на Сител
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски: Не се поместуваме ни милиметар ако не се помести и Софија
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
