Македонските кикбоксери со шест медали на Светскиот куп во Италија
Македонските кикбоксери освоија шест медали во ринг дисциплините на Светскиот куп во Италија – три златни, еден сребрен и два бронзени.
Со златни медали се закитија Силвио Мировски, Петре Велков и Калин Бабоски, додека Андреј Смилевски освои сребрен медал. Бронзени медали за Македонија обезбедија Мирко Василев и Давид Атанасовски.
Од стручниот штаб изразија задоволство од постигнатиот резултат, но посочија дека има простор за напредок, особено во стабилноста на борците за време на мечевите. Според нив, натпреварувачите стекнуваат драгоцено искуство, а во иднина ќе се работи повеќе на препознавање на слабостите и аномалиите кај противниците, како и на подобра примена на наученото од тренинзите.
Во меѓувреме, на турнирот започнуваат квалификациите во татами дисциплините, кои ќе траат до недела, кога се закажани и финалните борби.






Ново на Сител
-

Николоски: Решението за транспортерите се движи во насока на издавање долгорочни работни визи
-

Се претставил како директор на компанија што тргува со крипто валути, 32-годишник измамен за 340.000 денари
-

Мерц: Германија не е дел од војната со Иран
-

Мицкоски најави поевтинување на нафтените деривати за околу 2,5 денари во текот на денот
-

Тешко повредена кавадарчанка во сообраќајка на росоманска територија
-

18-годишник во Тетово се заканувал на ученици дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето
-

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди
-

Пост од 24 часа: Придобивки и здравствени проблеми
