Loading Video...
Кошарка
28. February 2022 - 14:01

Македонските кошаркари незнаат за победа во квалификациите за СП 2023

Македонските кошаркари незнаат за победа во квалификациите за СП 2023.  Ова е епилогот и по вториот пораз од Грузија во меѓусебните дуели за Мундијалот. 
 
Четири порази во исто толку одиграни натпревари е учинокот на машката македонската кошаркарска репрезентација, во квалификациите за СП 2023 година.
 
Два од четирите неуспеси се во дуелите со Грузијците кои откако првиот дуел одгран во Тбилиси го добија убедливо со 21 поен разлика (91:70), не совладаа и на реваншот во Скопје овојпат со 14 разлика (65-79)
 
Иако се понадевавме дека со враќањето во тимот на Ненад Димитриевиќ и Андреј Магдевски црвено-жолтите се кадарни конечно да не израдуваат на првата победа сепак тоа не се случи. Димитриевиќ средбата ја заврши како најефикасен играч со 25 постигнати поени, а поддршка доби од искусните Војдан Стојановски кој реализира 13 и  Бојан Крстевски постигна 11 поени.  И овојпат во тимот поради повреди и откаќувања недостасуваа неколкумина стандардни првотимци, па повеќе од очигледно беше дека делумно подмладениот состав сеуште не е на рамниште на посакуваното ниво кое би однело резултат. 
 
Така Македонија по некомплетни четири одиграни кола во Г квалификациската група е последна, па евентуалната шанса за пласман во следната фаза ќе ја бара во последниот натпревар против Украина. 
 
Претходно ќе се надеваме Украинците кои не го одиграа вчерашниот меч со Шпанија, поради актуелната безбедносна ситуација во нивната земја, да го загубат тој, но и натпреварот со Грузија, па дури потоа во ние да ги совладаме со повеќе од 18 поени разлика. 
 
Само така македонските кошаркари ќе може да ја минат оваа фаза од квалификациите за СП. Клучниот натпревар против Украина, македонската репрезентација ќе го игра на 4 јули во Скопје.