-->
-->
Македонските одбојкари изборија пласман на Европското првенство 2026
-->
Македонската одбојкарска репрезентација вчера во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026.
Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство.
„Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3:0, по сетови 25:13, 25:16 и 25:17.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во Ф-групата и како една од петте најдобро второпласирани селекции во квалификациите одат на ЕП 2026.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола