Loading Video...
Спорт плус
12. јуни 2022 - 17:39

Македонските одбојкари ќе играат на завршницата на Европската Сребрена Лига

Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија сепак ќе игра на завршицата од годинашното издание на Европската Сребрена лига
 
Иако имаа половичен ефект од три победи и исто толку порази во групната фаза, нашите одбојкар ќе го продолжат својот настап во годинашното издание од Европската Сребрена лига. 
 
По вчерашната победа на гостувањето во Тузла, кај  БиХ со 3-0, но пред се денешниот триумф на Романија со 3-0 во дуелот против Албанија, ја промовира македонската репрезентација во учесник на завршниот фајнал-фор турнив во Унгарија.
 
Имено, иако ги загубивме двата меча од Албанците, сепак со ист број на освоени бодови по 10,  подобрар сет количник, македонските одбојкари завршија како второ рангирани, па  заедно со Романците кои го освоија првото место во групата ќе играат на завршницата во Будимпешка закажана за следниот викенд, (18 и 19 јуни), а на која ќе настапат и домашната репрезентација на Унгарија како и селекцијата на Финска. 
 
Победникот на тој турнир следната гподина ќе игра во Европската златна лига, а воедно ќе заработи и парична награда од 50.000 евра.