Македонските одбојкари поразени од Чешка, во осминафиналето против Италија
Македонската одбојкарска репрезентација со пораз ја заврши групната фаза на Европското првенство, откако вечерва загуби од Чешка со 3-0 во последниот натпревар во групата Ц која се играше во Скопје.
Бодрени од неколку илјадната публика во СЦ „Борис Трајковски“, македонските одбојкари влегоа во натпреварот мотивирано и борбено, но го загубија првиот сет со 19-25.
Борбеноста на „црвено – жолтите“ не изостана и во вториот сет, во кој иако постојано беа во резултатска негатива, при водство на Чесите од 24-22 ја спасија првата сет – топка, но не го искористија следниот напад и го загубија сетот со 23-25.
Чешкиот напад функционираше беспрекорно во првите два сета, а во ист стил противникот продолжи и во третиот, кој на крајот го реши во своја корист со 25-17.
Најефикасен во македонскиот состав беше капитенот Никола Ѓоргиев со 16 поени.
Ново на Сител
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
