Loading Video...
Спорт плус
5. јуни 2022 - 14:34
Македонските одбојкари повторно поразени од Албанија
Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија кој го претрпе и третиот пораз во Европската Сребрена Лига.
Нашите одбојкари се поразени на гостувањето кај Албанија во меч од 4.коло. Откако во Скопје загубија со 3-1, и на гостувањето во Тирана црвено-жолтите се поразени со истиот резултат.
Имајќи ги во предвид досегашните резултати и изгледот на табелата на која Романија е водечка со 11 бодови, Албанија има 7 , а нашата и селекцијата на БиХ останаа на 4 односно 2 бода, повеќе од јасно станува дека Романците веќе го осигураа својот настап на завршниот турнир, на кој место ќе бркаат Албанија и Македонија.
Но шансите за тоа за Македонија сега се далеку помали бидејќи во наредната рунда закажана за во среда, нашите одбојкари ќе и гостуваат на БиХ, а во последното коло ја пречекуваат досега не поразената Романија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->