Loading Video...
Спорт плус
8. јуни 2022 - 23:09
Македонските одбојкари со победата над Романија останаа во игра за полуфиналето
Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија останува во игра за место во полуфиналето во Европската Сребрена лига
Македонските одбојкари ја прекинаа низата од три порази. Во дуелот од 5.коло одигран во СЦ Борис Трајковски, нашата репрезентација ја победи водечката Романија со 3-1 по сетови 25-21, 22-25, 25-19 и 25-22.
Победа и тоа со максимални 3-0 на БиХ забележаа и Албанците, па сега последната рунда ќе решава која ќе биде втората селекција покрај Романската која ќе игра на завршниот турнир во Будимпешта.
Математиката вели. На Македонија потребна и е победа на гостувањето кај БиХ, а притоа да се надеваме на пораз на Албанците на гостувањето кај Романија дуел во кој гостите несмеат да освојат повеќе од еден сет.
Натпреварот меѓу БиХ и Македонија ќе се игра во сабота(16 часот), додека средбата Романија – Албанија е закажана за во недела (16 часот).
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->