Македонските одбојкарски репрезентации в среда пред нов предизвик во Европската лига

По поразите во воведното коло, македонската машка и женска одбојкарска репрезентација се подготвуваат во Скопје за новите предизвици кои им претстојат оваа седмица на европската сцена.
Одбојкарите в среда во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе ја пречекаат Белгија во рамки на второто коло во Европската златна лига со почеток во 20:15 часот, а претходно одбојкарките ќе играат против Летонија во вториот натпревар во Европската сребрена лига.
Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) објави дека влезот за двојната програма во „Борис Трајковски“ ќе биде слободен за навивачите.
Македонските одбојкари во воведното коло загубија на неутрален терен во Лоѓ од Украина со 0-3, а со максимален пораз во сетови на дуелот во Скопје против Австрија по подолга пауза на меѓународната сцена се вратија и македонските одбојкарки.
Ново на Сител
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
