Loading Video...
Спорт плус
1. јуни 2022 - 11:13

Македонските против Албанија ќе атакуваат на втората победа во Европската Сребрена лига

Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација вечерва во ќе го игра третиот меч од новото издание на Европската Сребрена Лига
 
Нашите одбојкари ја пречекуваат селекцијата на Албанија. Гостите во Скопје доаѓаат со два порази (од Романија и БиХ), па македонските одбојкари ќе ја имаат улогата на фаворити.
 
Сепак поразот во еден од двата контролни дуели кои ги одиграа овие селекции, а беа во рамките од подготовките за ова натпреварување, се доволно предупредување за нашите одбојкари посериозно и помотивирано да влезат во вечерашниот дуел, но од таборот на црвено-жолтите не размислуваат за ништо друго, освен за победа 
 
Натпреварот меѓу Македонија и Албанија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 15 минути, а претходно (16 часот) својот меч од 3.коло го играат Романија и БиХ.