Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го добие противникот за баражот за следното големо натпреварување Светското првенство 2027 што ќе се игра во Германија. Македонските ракометари Европското првенство што завршува утре шампионатот го завршија на 14. место и со тоа се изборија да играат само еден бараж дуел. Извлекувањето ќе почне во 14:30 часот.
Првата фаза на бараж дуелите веќе заврши, а баражот 2 ќе се игра во месец март 2026, додека баражот 3 на кој настапува и нашата репрезентација треба да се игра од 13-17.мај 2026 (два натпревара дома-гости).
Македонската репрезентација е во групата на носители за бараж 3 заедно со селекциите на: Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија, што значи дека против овие репрезентации нема да може да играме.
Во „шеширот“ на неносители и потенцијални ривали ни се: Чешка, Италија, како и победниците од дуелите: Босна и Херцеговина – Косово, Грузија – Израел, Украина – Словачка, Србија – Литванија, Полска – Летонија, Турција – Романија, Грција – Белгија и Финска – Црна Гора.
Победниците од баражот 3 ќе им се приклучат од европската зона на: Германија (домаќин), Данска (првак), Хрватска, Исланд, Португалија и Шведска (пласирани од 3-6.место на ЕХФ ЕУРО 2026).
Светското првенство во Германија ќе се игра од 14-31.јануари 2027 година во шест градови: Кил, Минхен, Хановер, Штутгарт, Келн и Магдебург.
Ново на Сител
-

Обвинителките Ленче Ристовска и Анита Тополова-Исајловска поднесоа кандидатури за републички јавен обвинител
-

Две иницијативи стигнаа до Уставен за оспорување на проектот „Безбеден град’
-

Две монтажни гаражи со 500 нови паркинг места добива Клиничкиот центар – Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
