Ракомет
17. May 2026 - 9:46

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство

Машката македонска ракометна репрезентација вечерва во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш бараж дуелот против Словачка. Македонскиот тим е пред пласман на уште едно големо натпреварување особено што на првиот дуел во Прешов пред три дена го совлада ривалот со 31:24.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар на теренот на противникот и ја потврдија фаворитската улога, но сега имаат обврска добрата игра да ја повторат и на домашен терен пред домашната публика.

За македонскиот национален тим досега има девет учества на Светските првенства, првото во 1999 година во Египет, потоа 2009 година во Хрватска и од 2013 до 2025 низа од седум во низа.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот, а ќе го судат судиите од Полска Бартож Лезински и Марцин Пиехота.