Loading Video...
Ракомет
14. April 2022 - 7:38
Македонските ракометари пропуштија можност да ја победат Чешка
Најдобрата машка македонска ракометна репрезентација пропушти голема шанса да слави победа против чешка во првиот дуел од бараж двомеч за пласман на Светското првенство
Иако на мечот во Злин, нашите ракометари одиграа фантастични 40 минути, а имаа и седум голови предност, на крајот сепак мораа да се задоволат само со нерешен резултат 24-24.
Иако имаше пофални зборови за борбеноста и начинот на кој одиграа неговите избраници, сепак селекторот и капитен Кирил Лазаров не го криеше и разочарувањето што беше пропуштена победата.
„На крај ни се случи голем пад кој ќе не држи многу будни. Знам дека можеби на некој начин ја изненадивме Чешка, но знам и дека ривалот ќе се подготви добро. Имаме добар, позитивен резултат, но многу жалам што не победивме, барем еден разлика, а заслуживме. Не знаевме да го приведеме мечот до крајот. Ама ако некој го понудеше ова пред натпревар, јас со две раце ќе го прифатев затоа што ја респектирам Чешка како селекција и Сабате како тренер“, изјави Лазаров по натпреварот.
Нашата селекција веќе се врати во Скопје, и без одмор продолжува со зацртаната програма и подготовките за реванш дуелот закажан за во недела (17 април) во СЦ Борис Трајковски од 19 часот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->