Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“

Македонската ракометна репрезентација го освои второто место на „Жолтиот куп“ во швајцарски Винтертур, откако вечерва одигра нерешено 28:28 со домашната репрезентација.
Поради подобрата гол-разлика во претходните две кола на турнирот, ремито повеќе им одговараше на Швајцарците го завршија на првото место, додека Македонците со ист биланс од две победи и еден нерешен резултат се втори.
Во пресрет на вечерашниот натпревар Швајцарија имаше +14, додека Македонија +9 по средбите со Украина и Бахреин.
Бодрени од голем број македонски навивачи, избраниците на селекторот Кирил Лазаров со подобра игра во второто полувреме, ја анулираа негативата од пет гола, но не успеаја да направат целосен резултатски пресврт.
По овој турнир македонската репрезентација заминува за Данска каде за шест дена ќе ги почне настапите на Европското првенство 2026.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп вети одговор на нападот врз американската амбасада во Ријад
-

Поранешен шеф на ЦИА, Џон Бренан: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка
-

САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт
-

Сончево и топло до 20 степени
-

Американската амбасада во Саудиска Арабија нападната со дронови
-

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на земјава
-

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради посетата на Марк Руте
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
