Loading Video...
Ракомет
10. April 2022 - 15:37

Македонските ракометари во позитивна атмосфера го чекаат баражот со Чешка

Од вчеравечер најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија е собрана во Скопје, каде ќе одработи мини подготовки за претстојниот мундијалски бараж двомеч против Чешка. 
 
Откако во првата рунда од плејофот, нашите ракометари ја минаа Романија, сега последна пречка пред нов настап на СП што следната година ќе се одржи во Полска и Шведска е селекцијата на Чешка. 
 
На првата прозивка на селекторот Кирил Лазаров, на чиј список се има 23 ракометари, ги немаше интернационалците, Кузмановски, Миркуловски и Митревски, кои треба да им се прикчучат на останатите и утре да го одработат единствениот заеднички тренинг во Скопје. 
 
Лазаров очекува далеку потежок дво-меч во однос на оној со Романците, но иако улогата на фаворит им ја препушта на Чесите, сепак смета дека Македонија повторно може да обезбеди пласман на Мундијалот. 
TOНСКИ
Ракометарите во вторник со чартер лет заминуваат за Злин каде во среда (13 април) со почеток од 19:15 часот, ќе го одиграат првиот меч против Чесите, додека реваншот на програмата е во недела (17 април) во СЦ Борис Трајковски.