Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026

Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија.
Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте групи.
На дуелот со Словенија, домаќинот кој важеше и за фаворит ја потврди улогата и веќе во првиот дел обезбеди предност и по 30 минути игра резултатот беше 15:8. Во вториот дел Словенките има во неколку наврати двоцифрена предност.
Најдобар поединец во македонскиот состав беше голманката Андреа Илиќ, која дуелот го заврши со 14 одбрани, додека Андреа Јанкуловска беше најпрецизна со 4 голови.
На вториот дуел во групата Германија ја совлада Белгија со 45:25.
Германија е прва со максимални 12 бода, пред Словенија со 8. Македонските ракометари освоија 2 колку и Белгија, но поради подобриот меѓусебен скор нашите ракометарки го освоија третото место.
За женската македонска ракометна репрезентација ова е осмо учество на Европско првенство, а трето во низа.
МИА
Ново на Сител
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
