Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар

Македонската тениска репрезентација утрово во Никозија ја почнува пресметката со домаќинот Кипар во рамките на Дејвис купот.
За денес се предвидени два сингл меча (се игра во два добиени сета). Прв на теренот ќе се појави Амар Хусеиновиќ во меч против нивниот прворангиран играч Мелиос Ефстатиу, а 15 минути по завршувањето на овој меч на теренот ќе се појават Стефан Мицов и Фотос Фотиадес.
Во нашиот тим се уште младите тенисери Кристијан Јанев и Марко Алексовски.
За утре се планирани како прв мечот во двојки, а потоа двата сингл меча.
Дејвис куп натпреварувањето е знае да донесе изненадувања, а во моментов Кипар е подобро рангирана репрезентација од македонската, но настапот во националниот тим носи многу мотивација и подвизи.
Ова е четврти дуел против Кипар, кој во меѓусебните мечеви води со 2:1 во победи.
Почетокот на денешната програма е во 10 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
-

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами даде свечена изјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
