Тенис
8. February 2026 - 9:51

Македонските тенисери пред тежок испит, Кипар има предност од 2:0

Македонската Дејвис куп репрезентацијата е во негатива од 0:2 по првиот ден од двата сингл меча во Втората Светска група од Дејвис купот против Кипар во Никозија.

Домаќинот во првите два меча оствари сигурни победи што му донесе предност и водство.

Според програмата за денес прво е предвиден мечот во двојки и за нашата репрезентација треба да настапат Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ, додека за ривалот на теренот треба да се појават Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос.

По завршувањето на мечот во двојки, следуваат другите два сингл меча.

Селекторите на двете репрезентации имаат право на промена на играч пред одигрувањето на мечевите. 

 

МИА

Ново на Сител