Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“

Македонските тенисери имаа успешен настап во конкуренција на двојки на турнирот „Neocom open 2026“ што викендов се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје, откако Кристијан Јанев и Ерион Незири го освоија пехарот во машка, а Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија во женска конкуренција.
На турнирот кој е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години, Митевска и Глушкова без поголеми проблеми со само еден загубен гем го добија финалето против Стилиани Нуцу од Грција и Антонија Станевска од Бугарија, (6-0, 6-1).
Многу повеќе борба и неизвесност донесе машкото финале во двојки во кое македонските тенисери Јанев и Незири ги совладаа првите носители Албин Колет (Франција) и Диего Вагнер (САД) со пресврт со 2-1 во сетови (4-6, 6-4 10-6).
Денеска се играат финалните дуели во поединечна конкуренција во кои Матја Путиќ (Србија) и Вагнер (САД) ќе играат за трофејот во машка, а Арина Фомина (Русија) и Сара Козма (Романија) во женска конкуренција.
Ова е вториот од петте турнири што се играат во Скопје во младинска конкуренција, а веќе стартуваа и квалификациите на следниот турнир Југ Опен 2026.
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
