Македонија
22. October 2026 - 11:51

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО

Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ постигнаа значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, кој се одржа во Турција.

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија високото деветто место, оставајќи зад себе 39 тимови.

Првите седум места ги освоија екипи од Турција, додека на осмото место се пласираше тим од Азербејџан.

Особено добар резултат припадниците на „Тигар“ постигнаа во дисциплината пиштолско гаѓање, каде што освоија 2.098 поени, значително повеќе од просекот на натпреварувањето, кој изнесуваше 1.173 поени.

Покрај успешниот настап, македонските специјалци добија признание и за професионалноста и спортскиот дух, откако беа избрани меѓу трите најдобри тимови во категоријата „фер-плеј“.

Со постигнатите резултати, припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ ја потврдија својата подготвеност и способност рамноправно да се натпреваруваат со специјални единици од други држави.