Македонското оро на светската сцена во Бразил: „Студио Фолклор“ во битка за најдобрите
Македонските ора и традиција деновиве се претставуваат на големата светска фолклорна сцена во Бразил. За првпат Македонија има свој претставник на Интернационалниот фолклорен фестивал во Нова Прата, а честа да ги претставува македонската култура и фолклор ја има „Студио Фолклор“ од Скопје.
Во бразилскиот град Нова Прата од 2 до 6 септември се одржува 22. издание на Интернационалниот фолклорен фестивал, во чии рамки се одржува и FIDAF Brazil World Championship – светски натпревар во фолклорни танци.
На фестивалот учествуваат претставници од девет земји, меѓу кои Македонија, Бразил, Шпанија, Бугарија, Чиле, Колумбија, Чешка, Словачка и Парагвај.
На свеченото отворање беа претставени учесниците, меѓу кои и македонските фолклористи од „Студио Фолклор“, кои добија можност да настапат на престижниот фестивал и пред светската публика да го претстават богатството на македонските ора и традиција.
Младите фолклористи, предводени од нивниот раководен тим, денеска ќе настапат во натпреварувачкиот дел со специјално подготвена програма составена од македонски ора.
Настапите ги оценува меѓународно жири според повеќе критериуми, меѓу кои техниката, кореографијата, музиката, носиите и автентичноста на изведбата.
Фестивалот во Нова Прата важи за еден од најзначајните настани од овој вид и четири години по ред го добивал признанието за најдобар фестивал во светот од Светската фолклорна организација ФИДАФ.
Така, илјадници километри од Македонија, македонското оро денеска ќе се игра во Бразил, а младите од „Студио Фолклор“ ќе се обидат со својата изведба да ги освојат жирито и публиката.
Ново на Сител
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
