Макрон: Франција и Германија повторно се приближуваат и ќе ја зајакнат соработката

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања.
„Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во близина на Келн, каде што пристигна во посета со членови на француската Влада.
Односите меѓу двете земји во изминатиот период беа оптоварени со несогласувања, меѓу другото и поради неуспехот на проектот за заеднички борбен авион, но францускиот претседател оцени дека соработката треба дополнително да се прошири.
Тој посочи дека Париз и Берлин имаат заеднички цели – јакнење на мирот и безбедноста во Европа, поддршка за Украина, зајакнување на европската одбрана и индустрија, како и соработка во стратешки области како вештачката интелигенција и енергетската транзиција.
„Ова е ново стратешко почеток за Европа, што значи и консолидирање на германско-француското партнерство“, изјави Макрон.
МИА
Ново на Сител
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
