Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска повика на „единство“ и „консензус“ во обраќањето на отворањето на 20. Самит на Меѓународната организација на Франкофонијата во камбоџанската престолнина Пном Пен.
Макрон се осврна на утрешниот избор на нов генерален секретар на организацијата, прашање што предизвикува значителни тензии меѓу Демократска Република Конго и Руанда.
Меѓу четворицата кандидати се актуелната генерална секретарка Луиз Мушикивабо од Руанда и Џулијана Лумумба од ДР Конго. За функцијата уште се натпреваруваат и Мавританката Кумба Ба и Романецот Дачијан Чолош.
ДР Конго подолго време ја обвинува Руанда дека ја поддржува бунтовничката група „М-23“ (Движење „23 март“).
„Проширувањето на Франкофонијата бара од нас да изградиме консензус за да го зачуваме единството“, рече Макрон во Меѓународниот конгресен центар „Чрој Чангвар“ во Пном Пен.
„Мора да обезбедиме зачувување на она што ја претставува силата на Франкофонијата, а тоа е нејзиното единство“, додаде францускиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји
-

Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД
-

И ова сабота протести ширум Франција
-

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
