Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека протестите ќе бидат забранети доколку е потребно, по насилните немири во Франција.
„Со оглед на моменталната ситуација, префектите ќе донесат одлуки во координација со градоначалниците за да ги заштитат нашите градови, јавни згради и продавници и доколку е потребно, ќе одат дотаму што ќе забранат одредени собири и ќе преземат потребни мерки“, рече претседателот на Франција во телевизиско обраќање.
„Работата на полицијата е исто така под лупа“, рече Макрон, и побара од министерот за внатрешни работи да се справи со тоа.
Повеќе од половина милион луѓе протестираа во Франција во саботата на национален протест против високите трошоци за живот.
Во многу градови имаше грабежи, палежи и материјална штета, а маскирани демонстранти нападнаа градски собранија, полициски станици и владини згради.
„Вчера, и покрај нивниот професионализам, нашите полицајци се соочија со невидено насилство во бројни градови. Одново побарав од владата да извлече поука од ова… за да се осигура дека ова нема да се случи повторно. Очекувам јасни одговори и се ќе биде целосно транспарентно. Секој што се обидел да ја собори републиката ќе биде повикан на одговорност.“, рече Макрон.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
-

Премиерот Мицкоски очекува убедлива победа во вториот круг во Брвеница
-

СДСМ: Власта ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите
-

Министерот за правда ги стартува разговорите за решение за правосудниот испит
-

Мицкоски: Со Окта се преговара за 2 денари попуст за дизелот
-

Неопходна е навремена превенција на ризичните однесувања кај младите
